0.00 ден(0 предмети )

Немате производи во кошничка.

+02/3 225 929

Општи услови

null
Општи услови за користење на уредot со назив “MyKi Pet” – Персонален GPS / GSM тракер за миленичиња
(Во сила од 01.11.2016 година)

I. ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВЕЦОТ

Часовникот MyKi е производ на “Алтерко Роботикс” ЕООД, запишан во Трговскиот регистар при Агенцијата за записи со седиште и адреса на управување во Софија, бул. “Бугарија” бр. 109, спрат 8

„Алтерко Роботикс“ ЕООД е внесен во “Регистарот на администраторите на лични податоци и водените од нив регистри” кај Комисијата за заштита на личните податоци со идентификациски број 418975.

“Алтерко Роботикс” ЕООД го обезбедува УРЕДОТ MyKi Pet и АПЛИКАЦИЈАТА MyKi Pet заедно со “Тера комуникејшнс” АД, регистриран во Трговскиот регистар на Агенцијата за записи со ЕДБ: 131384920, со седиште и адреса на управување град Софија, бул “Цариградско шосе” бр.113А.

Податоци за контакт со „Алтерко Роботикс“ ЕООД во работни денови од 09:00 часот до 18:00 часот:

  • тел: *6954
  • e-mail: support@testwp.myki.pet/mk

II. ДЕФИНИЦИИ

  1. MyKi Pet/ Уредот – персонален GPS / GSM тракер за миленичиња каде по инсталирањe на SIM картичка од операторот и со поврзување со мобилен телефон, на кој е инсталирана апликацијата MyKi Pet, овозможува следење на локацијата на Уредот преку мобилниот телефон со кој се поврзани.
  2. Апликација – MyKi Pet – бесплатна апликација за мобилен телефон со оперативни системи Android и iOS, достапно за превземање и инсталирање бесплатно од “Google Play” и “App Store”, каде дава можност за поврзување со Уредот.
  3. Корисник Корисници на мобилен уред и претплатник на оператор на територијата на Република Македонија преку кој го користи Уредот MyKi.
  4. Сајт – http://testwp.myki.pet/mk ;

 III. ОПШТИ УСЛОВИ

чл.1. ОПШТИТЕ УСЛОВИ ги регулираат односите помеѓу “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД (во  натамошниот текст АЛТЕРКО) и секое лице (правно или физичко), кое го користи Уредот со назив “MyKi Pet” (во натамошниот текст КОРИСНИК), во врска со купувањето на “MyKi Pet” (во натамошниот текст УРЕДОТ) и користење на апликацијата “MyKi Pet” (во натамошниот текст апликацијата) и услугите преку него.

чл.2.  (1) ОПШИТЕ УСЛОВИ се задолжителни за сите КОРИСНИЦИ на САЈТОТ, УРЕДОТ и АПЛИКАЦИЈАТА.
(2) Со купување на УРЕДОТ од http://testwp.myki.pet/mk и неговата активација, Корисникот изјавува дека е запознаен, прифаќа и се обврзува да ги почитува овие Услови. Општите услови можат да се ажурираат во секое време без посебно известување на корисниците. При употреба на уредот и апликацијата MyKi PET корисникот се обврзува да ги почитува овие Услови, како и сите други услови поставени од законодавството на Република Македонија и меѓународното законодавство, дури и да не се наведени во овие Услови.

чл.3. (1) Секое користење на сајтот, уредот и/или апликација значи дека Вие сте: (а) се запознале внимателно со овие Услови и (б) сте се согласиле да ги почитувате безусловно.
(2) АЛТЕРКО не сноси одговорност ако Корисникот не се запознал со овие Услови. АЛТЕРКО не е одговорен за каква и да е штета и загуби и нарушување на гарантните услови, настанати поради непочитување од страна на корисникот на одредбите на овие Услови.

чл.4.Општите услови може да се менуваат еднострано од АЛТЕРКО во секое време по сопствено видување или ако промените се воведени според нормативен акт без посебно претходно известување на корисниците. Овие промени стапуваат во сила веднаш и се задолжителни за сите корисници, почнувајќи од датумот на нивното објавување на сајтот. Можно е промените да имаат ретроактивно дејство во однос на веќе доставени и потврдени нарачки.

чл.5. Сите слики поставени на сајтот имаат за цел да создадат некоја идеја за типот на уредот, а не да го претставуваат истиот точно. Соодветно на тоа, можно е некои од сликите на уредите во сајтот (статични / динамични слики / мултимедијални презентации итн) да не одговараат на изгледот на УРЕДОТ. АЛТЕРКО не одговара за такви несоодветности.

чл.6. Со оглед на можните технички грешки, информации или пропусти на сајтот, АЛТЕРКО прецизира дека сликите на уредот имаат информативен и насочувачки карактер, односно испорачаниот УРЕД може да се разликува од сликите, поради промена на карактеристиките или дизајнот.

чл.7. Карактеристиките или цените на производите опишани во сајтот можат да бидат променети од АЛТЕРКО во секое време и можат да содржат грешки.

чл.8. Сите УРЕДИ, вклучувајќи ги и оние на промоција/намалување се продаваат и испорачуваат се до исцрпување на количините дури и тоа да не е експлицитно наведено на сајтот.

чл.9. На сајтот може да биде објавена рекламна или промотивна информација за уредот и/или за понудените од АЛТЕРКО или од неговите партнери промоции, за одреден временски период.

IV. УРЕД (Уред за следење MyKi Pet)

чл.10. (1) Уредот доаѓа во еден единствен дизајнот (црна) и е опремен со кабел за полнење, Упатство за употреба, Прирачник за безбедност, гаранција.

(2) Уредот е достапен :

  1. Без SIM картичка отклучен за сите мобилни оператори на територијата на Република Македонија;
  2. Со SIM картичка преку мобилен оператор под услови согласно тарифата и деловната политика на соодветниот оператор;

чл.11. Уредот ги нуди / содржи следниве функции:

  1. Локација – ја покажува позицијата на MyKi Pet на картата, одредена преку GPS сигнал преку мобилните оператори или преку Wi-Fi мрежи. Ако функцијата за локализација на вашиот паметен телефон е активирана, може да ја покаже и нејзината локација.
  2. GSM Сигнал – ја покажува јачината на сигналот на мобилната мрежа.
  3. Батерија – покажува наполнетост на батеријата на MyKi Pet во моментов.
  4. GPS/GSM позиционирање – покажува типот на позиционирање во моментов. Доколку се користи GPS – покажува и број на сателити кои се користат за одредување на оваа позиција на MyKi Pet.
  5. Брзина – покажува дали Вашиот миленик се движи и каква е брзината на движење во овој момент.
  6. Историja на локации на движење – ги покажува конкретните локации на MyKi Pet, сочувани денес или во претходните 30 денови со точно време за секоја од нив.
  7. Локации – ги покажува поединечните локации на MyKi Pet. Кога при притискањето ќе се појави црвена боја, се групираат блиските една до друга локации.
  8. Маршрута – ја репродуцира маршрутата на MyKi Pet по време, а при повторно притискање се зголемува за 2 или 3 пати брзината со која се репродуцира маршрутата.
  9. Зона за безбедност – можете да дефинирате две “Безбедносни зони”. Кога ќе ги активирате за првпат секоја од нив, ќе видите карта. Поместете ја картата за кругот да ја опфати саканата територија. Можете да ја промените (зголемите или намалите) безбедната зона. Притиснете “Продолжи” за да го утврдите “Активното време на зоната”, наведете почетен и краен час на периодот во кој очекувате домашното милениче да се наоѓа во зоната. Откако ќе притиснете “Готово”, “безбедната зона” ќе биде активирана. Можете да ја активирате и деактивирате зоната за безбедност.

чл.12. Услови за функционирaње на УРЕДОТ:

  1. Инсталирана микро SIM (3ff) картичка, со можност за пренос на податоци до серверот;
  2. Активирање преку копчето за вклучување;
  3. Преземена и инсталирана апликација на мобилниот телефон со кој ќе биде поврзан уредот;
  4. Креиран профил во апликацијата;
  5. Регистрација на уредот во апликацијата или на официјалната веб страница на MyKi PET testwp.myki.pet/mk;
  6. Покриеност на телекомуникациската мрежа;

V. МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА (MyKi Pet)

чл.13. Апликацијата дава можност за постојана врска со уредот и контрола на неговата локација.

чл.14. (1) За користење на функциите на апликацијата е потребно таа да биде инсталирана на мобилен телефон со кој ќе биде поврзан уредот и да биде извршена регистрација на корисникот во формуларот за регистрација со следниве податоци:

  1. корисничко име;
  2. лозинка;
  3. идентификациски код на УРЕДОТ;
  4. сопствен телефонски број;
  5. телефонски број на УРЕДОТ;
  6. е-меил адреса.

(2) По внесување на податоците во форма согласно став 1, УРЕДОТ добива идентификационен код кој треба да биде потврден во формуларот за регистрација.

VI. НАРАЧКИ и ДОСТАВА преку сајтот http://testwp.myki.pet/mk

чл.15. Во овој дел се регулираат условите за нарачка, купување и испорака на уредот MyKi PET, преку веб страницата http://testwp.myki.pet, администрирани од “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД и не се однесува на продажбата на уредот MyKi PET (самостојно или заедно со други производи) од страна на други трговци, вклучувајќи ги и мобилните оператори на територијата на Република Македонија – дистрибутери, агенти или трговски партнери. За производите и условите за испорака на трговците, вклучувајќи ги и мобилни оператори, во врска со пакет продажба и промоции, спроведени во соработка со “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД и објавени на сајтот http://testwp.myki.pet/mk, корисникот треба да се запознае со Општите услови.

чл.16.Уредот може да се добие со директна продажба во просториите на “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД и со продажба преку сајтот testwp.myki.pet/mk (“без договор”) или преку мобилните оператори со наведени од нивна страна комерцијални услови (“со договор на мобилен оператор”).

чл.17. (1) Купување (нарачка) на уредот може да биде направена преку делот “Продавница” на веб страницата http://testwp.myki.pet/mk.
(2) Нарачката преку сајтот http://testwp.myki.pet/mk содржи барање за условите на купување на уредот со податоци за испорака и контакт (име и презиме на нарачувачот, телефон и е-меил адреса за контакт и адреса за испорака). Возможно е порачката да содржи и избор за начинот на купување (“со Договор на мобилен оператор”).
(3) Нарачката направена преку сајтот http://testwp.myki.pet/mk нема својство на склучен договор за продажба, а претставува согласност од страна на корисникот да го добие УРЕДОТ по плаќањето согласно условите.
(4) Нарачката се потврдува преку е-меил или со повикување на бројот според податоците оставени за контакт, што нема својство на прифаќање, потврдување или обврска за спроведување на нарачка.
(5) Нарачката станува валидна и договорот за купопродажба се смета за склучен во моментот на примено , од страна на нарачувачот, известување преку SMS, повик или е-меил дека нарачката може да биде извршена и порачаниот УРЕД може да биде доставен. Кога договорот е направен под условите на купување “со Договор на мобилен оператор,, валидноста на Нарачката се остварува од страна на претставник на соодветниот оператор, преку кој се врши испораката.
(6) Договорот за купопродажба направен он-лајн ги вклучува ОпштитеУслови, Општите услови на мобилниот оператор, преку кој се одвива нарачката (кога уредот се купува / порачува “со Договор на мобилен оператор”) и декларираната и обезбедена информација на веб страницата. Секој договор е придружуван со гаранција издадена од “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД или од мобилниот оператор, преку кој ќе се купува уредот.

чл.18. (1) Испораките се спроведуваат под следниве услови:

  1. при нарачка “без договор” – од “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД преку курир до 3 (три) работни дена од датумот на потврдување на извршувањето на договорот до адресата наведена од КОРИСНИКОТ во формата за нарачка;
  2. при нарачка “со Договор на мобилен оператор” – од мобилниот оператор под условите за продажба од мобилниот оператор;

(2) „АЛТЕРКО РОБОТИКС“ ЕООД не сноси одговорност за задоцнети или неисполнета достава на нарачка преку веб страницата кога уредот се купува под условите “со Договор на мобилен оператор”. Во случај на евентуално одложување на испорака на уредот кој е “без договор”, АЛТЕРКО се обврзува да го извести навремено нарачувачот остварувајќи контакт согласно податоците наведените во формата за нарачка.

(3)Деталите во врска со испораката на УРЕДОТ , не само оние во врска со рокот на испорака, не претставуваат договорна обврска од страна на АЛТЕРКО за вршење на соодветната испорака на конкретен датум. Односно корисникот нема право на каков и да е надомест во случај на датумот на кој било објавено дека ќе биде извршена испораката не е почитуван.

(4)АЛТЕРКО не сноси одговорност за недоставени или задоцнети испораки, кога тоа се должи на неточни податоци наведени од КОРИСНИКОТ како податоци за испорака или кога примачот или негов претставник не може да се најде на наведеното место за испорака на адреса 2 (два) или повеќе пати.

чл.19.  (1)Цената на уредот при порачка “без договор”, која е наведена на веб страницата е крајна, во денари, со вклучен ДДВ и со сите други потребни по закон даноци или такси. Цената вклучува и цена на испораката на територијата на Република Македонија како што е дефинирано во досегашните Општи Услови

(2) Цената на уредот при нарачка “со Договор на мобилен оператор”, која е наведена на веб страницата е формирана согласно Условите на соодветниот оператор, преку кој се одвива нарачката.

чл.20. (1) Цената на УРЕДОТ “без договор” се плаќа во моментот на испораката.

(2) Цената на УРЕДОТ “со Договор на мобилен оператор” се плаќа според условите за продажба на соодветниот оператор, преку кој се реализира Нарачката.

чл.21.Сопственоста на уредот се пренесува со неговото предавање на корисникот, по извршената уплата од негова страна, се потврдува со потпис на корисникот или неговиот претставник на документ доставен од курир.

VII. ОТКАЖУВАЊЕ НА ПОРАЧКАТА. ВРАЌАЊЕ НА УРЕДОТ.

чл.22. (1) Правото на откажување од склучениот Договор за продажба на УРЕД “без договор” може да биде реализирано и доставениот УРЕД да биде вратен во рок од 14 дена од денот на испорака.

(2)Корисникот треба да го извести АЛТЕРКО за отказот пред истекот на наведениот рок со испраќање на пополнет формулар за откажување, скениран преку е-маил на адреса: support@testwp.myki.pet/mk или во оригинал на адреса ул.11-ти Октомври бр.25 кат 7 Скопје.

чл.23. При откажување од страна на Корисникот уредот треба да биде вратен на адреса: ул11-ти Октомври бр.25 кат 7 Скопје, како и трошоците за враќање се целосно на сметка на корисникот.

  • УРЕДОТ треба да биде некористен, во целосно спакуван и во видот во кој беше доставен – во оригинално пакување во целина, целосна опрема и придружната документација, без оштетување и без да се отстранат фабрички поставените фолии и налепници од уредот , со непроменета софтверска конфигурација (без инсталирани или отстранети апликации, поставени лични слики, контакти, пораки и слично).
  • До денот на приемот на УРЕДОТ назад кон АЛТЕРКО ризикот од случајна загуба или оштетување ја сносува целосно корисникот. АЛТЕРКО не е должен да изврши враќање на платената сума во случај на губење, загуба или оштетување на уредот до моментот на неговиот прием.
  • При искористеното право на отказ од страна на корисникот, АЛТЕРКО ја враќа сумата на уредот во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на известувањето за отказ по банкарски пат на сметката наведена од страна на КОРИСНИКОТ. Сумата ќе биде вратена без тоа да се доведе до дополнителни трошоци КОРИСНИКОТ.

чл.24. Правото на откажување на склучениот Договор за продажба на УРЕД “со Договор на мобилен оператор” може да биде реализирано и доставениот УРЕД да биде вратен, во согласност со политиката на мобилниот оператор, преку кој е извршена нарачката.

VIII. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

чл.25. Во процесот на купување на УРЕДОТ неговата употреба и користење на апликацијата се собираат личните податоци на корисникот.

чл.26. Со активирање на уредот, регистрирање во апликацијата, вклучувајќи и поврзувањето на уредот со мобилен телефон на кој апликацијата е инсталирана, како и преку извршување на нарачка од сајтот, корисникот дава лични податоци и изјавува дека е согласен истите да бидат собирани и обработени по електронски пат за целите на функционирањето на уредот и обработката на нарачки и испораки од “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД и негови договорни партнери.

чл.27. „АЛТЕРКО РОБОТИКС“ ЕООД може да се открие информациите чл.25 и чл. 26 на неговите дистрибутери, агенти, подисполнители и партнерски мобилни оператори под условите на договори за доверливост – за целите на обработка и исполнување на нарачки, испорака на нарачки, анализа на податоци и информации, истражувања и анализи на продажбата. Претходно наведените лица можат да имаат пристап до личните податоци кои се потребни за да ги извршуваат своите должности.

чл.28. „АЛТЕРКО РОБОТИКС“ ЕООД не сноси одговорност за прибирање и обработка на лични податоци, која се извршува од страна на мобилните оператори, на кои корисникот е претплатник и/или чија SIM картичка е инсталирана во уредот, во процесот на обезбедување на нивната телекомуникациска услуга.

чл.29. Лични податоци, кои можат да бидат обработени и складирани вклучуваат, но не се ограничени на: податоци за име, адреса, телефон, локација, слики и други информации од лична природа, внесени од корисникот во апликацијата.

чл.30.Сите обезбедени од КОРИСНИКОТ податоци за него се обработуваат и чуваат од “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД согласно законските барања. “АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД го задржува правото да ги користи податоците на корисникот за откривање на идентитетот во случаите кога тоа е неопходно за спроведување на законот, правни постапки или за да се испочитуваат овие Услови.

IX. ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

чл.31. При користење на сајтот, уредот и апликацијата корисникот се обврзува да ги почитува овие Услови, како и сите други услови поставени од законодавството на Р. Македонија и меѓународното законодавство, дури и да не се наведени во овие Услови.

чл.32.(1) Корисникот се обврзува и одговара за сите обезбедени податоци во врска со купување на уредот и регистрација во апликацијата – да се точни и целосни на денот на испраќањето на Нарачката или регистрацијата.

(2) АЛТЕРКО има право да одбие да ја изврши направената нарачка и за истото треба да го извести корисникот. Поништувањето на нарачката не повлекува одговорност или последователна обврска на една од страните во однос на другата и соодветно ниедна од нив нема право да бара од другата надомест за поништување, и тоа во следниве случаи: нецелосни информации; недостапност на уредот кај трговец; повлекување од пазарот; утврдени од АЛТЕРКО злоупотреби од страна на корисникот во врска со договорот и користењето на Уредот;

(3) АЛТЕРКО не е одговорен за правилното функционирање на уредот и/или апликацијата при неточни или скратено внесување од КОРИСНИКОТ на податоците за уредот и мобилниот телефон со кој е поврзан при инсталирањето на апликацијата и извршување на регистрацијата за неговото користење.

чл.33.(1) Корисникот се обврзува да ги подмири своите односи со операторот, SIM картичката што е вметната во уредот да функционира нормално и да се користи согласно подесувањата на операторот неопходни за функционирање на уредот.

(2) Корисникот се обврзува однапред да се информира дали мобилниот уред на кој ќе ја инсталирате апликацијата одговара на техничките карактеристики потребни за правилно функционирање и остварување на врска со уредот.

(3) АЛТЕРКО не сноси одговорност за неправилно или невозможното функционирање на уредот кога корисникот не ги исполнил обврските за обезбедување на минимилните технички услови за негово користење.

чл.34.Корисникот има право на откажување на Договорот за продажба и враќање на производот, како што е дефинирано во овие Услови.

 

X. ПРАВА И ОБВРСКИ НА АЛТЕРКО

чл.35. АЛТЕРКО не сноси одговорност за прекршување на работоспособноста на програмата или техничкото обезбедување на другите оператори на интернет во и/или надвор од земјата, ако корисниците не можат да ја користат делумно или целосно апликацијата.

чл.36. (1). Во случај SIM картичката да е заменета или отстранета од УРЕДОТ, АЛТЕРКО не е одговорен за компатибилноста на УРЕДОТ со друга поставена од страна на корисникот картичка.

(2). Во случај на системски неправилна употреба на УРЕДОТ, вклучувајќи неправилно полнење на батеријата, непочитување на гарантните услови и неправилно чување, АЛТЕРКО не сноси одговорност за квалитетот на работата на уредот.

чл.37.АЛТЕРКО не сноси одговорност за последиците, вклучувајќи ги евентуалните штети предизвикани од или поврзани на каков и да е начин со пристапот, употребата или неможноста за употреба на апликацијата. Сите информации во апликацијата се обезбедуваат во согласност со важечкото законодавство, без гаранција од страна на ТЕРАКОМ за нејзината безбедност во случај на злонамерни напади од страна на трети лица.

чл.38. Во прилог на сите права и средства за заштита со кои АЛТЕРКО располага според законот или според овие Општи услови, АЛТЕРКО има право да го прекине привремено или целосно пристапот на КОРИСНИКОТ до апликацијата, вклучувајќи пристап до неговиот профил во апликацијата без најава и без дополнителни објаснувања, и тоа во случај: 1) корисникот да ги нарушува овие услови 2) кога тоа е неопходно за спречување на злоупотреби, кршење на правата на трети лица или законски обврски на АЛТЕРКО и 3) постои експлицитно барање од страна на законот и/или регулаторно тело во извршувањето на законските овластувања.

XI. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

чл.39. Сите информации на сајтот, како и сите информации поврзани со уредот и/или апликацијата, достапна преку интернет врска и/или други форми на комуникација, вклучувајќи и логоа, графички слики или натписи, трговски симболи, динамични симболи, текстови и/или мултимедијална содржина (“содржината”) се ексклузивна сопственост на АЛТЕРКО.

чл.40. АЛТЕРКО ги задржува сите права од интелектуална сопственост, поврзани на секој начин со веб страницата, уредот и/или апликација, без разлика дали се негови сопствени или добиени преку договорни лиценци или на каков и да е друг законски начин.

чл.41. Согласно овие Општи услови како и склучените договори и сл. нема да се смета како дозвола од страна на АЛТЕРКО корисникот да копира, дистрибуира, објавува, обезбедува на трети лица, менува по каков и да е начин каков и да е дел од објектите и содржината, вклучувајќи ја и содржината на трговските марки, логоа, мултимедијалната содржина или описите на УРЕДОТ на каков и да е начин, вклучително и преку воведувањето на било каква надворешна содржина за веб страницата, отстранување на знаците односно на се она што укажува на правото на сопственост на АЛТЕРКО врз Содржината. Корисникот нема право да пренесува, продава, дистрибуира материјали создадени преку репродукција (копирање), измена или објавување на содржини, освен со изрична согласност на АЛТЕРКО.

чл.42. Секоја Содржина, до која корисникот има пристап, независно од средствата за тоа, е предмет на регулирање од овие Услови.

чл.43. Корисникот може да ја копира, пренесува и/или користи Содржината само за лични некомерцијални цели само во случаите во кои тоа не е спротивно на овие Услови.

чл.44.Корисникот има право да ја користи Содржината за комерцијални цели единствено и само ако добил писмена согласност од страна на АЛТЕРКО и тоа и само за оној дел од содржината, на начинот и степенот на нејзината употреба, како и во временските граници, за кои согласност ќе биде дадена експлицитно од АЛТЕРКО. Секое последователно или различно користење на Содржината ќе се смета за прекршување на овие Услови и за кршење на правата на интелектуална сопственост на АЛТЕРКО.

чл.45. Испраќањето до КОРИСНИКОТ кон Содржината или делови од неа од страна на АЛТЕРКО нема да се смета за согласност  да им овозможи на корисникот да ја користи Содржината или делови од неа за свои цели, различни од неговите лични потреби, независно од средството за комуникација кое се користи од АЛТЕРКО.

чл.46. Забранета е секаква употреба на содржината за други цели, освен експлицитно дозволени во овие Услови или со друга писмена согласност дадена од АЛТЕРКО.

XII. ДРУГИ УСЛОВИ

чл.47. АЛТЕРКО има право да ја менува технологијата и веб дизајнот и/или апликацијата и/или УРЕДОТ без претходно известување.

чл.48. За се она што не е уредено со овие Услови ќе се применува важечкото македонско законодавство.

Сите права се задржани!

“АЛТЕРКО РОБОТИКС” ЕООД