0.00 ден(0 предмети )

Немате производи во кошничка.

+02/3 225 929

Прашања и одговори

Како да регистрирам MyKi Pet?

Ставете во тракерот SIM картичка со деактивиран PIN код и вклучете го уредот. Вклучете MyKi Pet со притискање и држење на копчето за вклучување додека не слушнете специфичен звук од уредот. Уредот ќе трепка со бела светлина.
Симнете и инсталирајте ја мобилната апликација MyKi Pet од Google Play за Android телефони или од AppStore за iOS мобилни уреди. Креирајте свој профил со внесување e-mail адреса, лозинка и ID на Myki Pet што се наоѓа во кутијата на уредот. Сочувајте го ID бројот на MyKi Pet и лозинката за вашиот профил на безбедно место.

Кои се димензиите на MyKi Pet?

Димензиите на уредот се: 45 х 37 х 17 mm.

Како локализира MyKi Pet?

MyKi pet има вграден GPS и GLONASS приемник, преку кои се поврзува со до 20 сателити истовремено кога е на отворено. Во затворен простор, кога нема можност да добие GPS сигнал MyKi Pet користи специјален вграден Wi-Fi и LBS модул за местоположба. Прифатените податоци се праќаат преку мобилната мрежа до вашиот телефон. Историјата на локализацијата се чува во рамки од 3 месеци.

Водоотпорен ли е MyKi Pet?

MyKi Pet не е водоотпорен. Тој е дизајниран да издржи кал, прашина, влага и прскање вода, но не и потопување во вода. Не користете средства, препрати и вода за миење на уредот. Во случај да имате потреба од чистење на уредот, поминете го со влажна крпа.

Дали е погоден за сите животни MyKi Pet?

MyKi Pet може да се користи за кучиња, мачки и други домашни миленици кои се чуваат како во градски така и во селски средини.

На колку мали или големи животни може да се користи MyKi pet?

Со своите 28 грама MyKi Pet е исклучително лесен и компактен. Нашата препорака е тракерот да биде искористен за домашни миленици со тежина над 1,5 килограми. Нема ограничувања за горната граница на тежината.

Во случај на потреба ремчето може да се замени со помала или поголема величина.

Ако имам повеќе од 1 домашен миленик?

На еден профил можете да додадете до 5 MyKi Pet уреди и да ги следите истовремено.

Може ли и на двата мобилни телефони да го следам тракерот?

Можете да го следите истиот уред од неограничен број мобилни телефони.

Какви известувања добивам на телефонот?

MyKi Pet ќе ве известува секогаш кога вашиот миленик ќе ја напушти зоната на домот или зоната за прошетка. Ќе добиете и порака во случај батеријата да има потреба од полнење.

Колку време работи MyKi Pet со целосно наполнета батерија?

Времето на работа зависи од тоа колку долго шета вашиот миленик. Следењето во реално време исто така се одразува на капацитетот на батеријата. Просечното време за работа со едно полнење на батеријата е 5 деноноќија.

Колкав е капацитетот на батеријата на MyKi Pet?

Капацитетот на батеријата е 480 mAh.

Можам ли да се јавам на домашниот миленик?

Не, MyKi Pet не служи за телефонско поврзување.